.
Добро ми утро Најмила Твоја,
Ме сонуваше синоќа, исто ко секоја ноќ претходна. Но, синоќа ти заспав пред да ми посакаш добра ноќ. Сепак, длабоко во тебе чувствуваш дека тоа не ми попречи да заспијам насмеана.
Денес е сабота, убав ден за почеток на викенд. Знаеш дека не ја сакам зимата, но имам на ум дека и тоа не е така страшно сѐ додека те имам тебе да ме радуваш, сакаш и насмевнуваш.
Не те бива да ми пишуваш долги писма, немаш многу трпение за тоа. Но јас секако знам дека не е важно со колку реченици ќе ми кажеш дека ме сакаш , сѐ додека сеуште ме сакаш.
Сепак знаеш дека сакам да ми пишуваш писма и тоа по три пати на ден, едно за добро утро, друго за добар ден и трето за добра ноќ. Иако во денешно време тоа е само непотребен трошок на хартија и мастило, а и доброто утро наместо за утрово ќе ми биде добро утро најбргу за утре, а можеби и за по два дена, оти за викенд писмата побавно патуваат.
Но, немам гајле, сѐ додека пишуваш редовно, ќе си се воспостави одреден редослед спонтано.
Еве толку од тебе до мене ова утро, во ова писмо за сега последно.
Околу пладне ќе најдеш малку време да ми го напишеш и следното писмо, за тогаш претпоследно.
Ме сакаш,
Мој Ти

No comments:
Post a Comment